ЈСП со важно соопштение за утрешниот ден

|

ЈСП Скопје информира дека утре, петок, поради државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.