Четиринаесет предмети со над 80 обвинети застаруваат со измените на КЗ

ИЗВОРТелма
|

Во судница во која беа присутни само новинарите судијата Осман Шабани ја објави пресудата за Дизајн, предмет на СЈО за злоупотреба при набавката на двокатните автобуси во 2010. Ниту пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев ниту неговите адвокати ниту обвинителката Лиле Стефанова не ја слушнаа условнат пресуда

Јанушев кому му се судеше за времето кога беше на чело на ЈСП е единствен обвинет кој остана во судењето до крај. На почетокот признаа вина и добија исто така условни и екс министерот Јанаиевски и уште две вработени во претпријатието.

Овој предмет од 2010 е веќе застарен затоа што и по вчерашните измени на КЗ делата за злоупотреба на службената положба застаруваат за 10 години наместо за 40 како до сега. Овие измени стапуваат на сила 9 дена откако ќе излезат во службен весник па застарувањето ќе го констатира Апелација. Судбината на Дизајн да застарат ја имаат и редица други предмети на поранешното СЈО. Од судење се спасуваат од судење освен екс премиерот Груевски и поранешните функционери Мијалков, Јанакиевски , Пешевски и други.

Коалицијата сите за правично судење која ги мониторира судењата од инстерес на јавноста пресмета -14 предмети со 80 обвинети застаруваат по законските измени.

Предмети што застаруваат

ТНТ за уривањето на Космос,

ТАЛИР за фунансирањето на ВМРО ДПМНЕ

ТАЛИР 2 за белиот дворец на ВМРО ДПМНЕ

ТРЕЗОР за набавката на софтвет за опремата за преслушување во УБК,

ТАРИФА за набавка на софтверски систем за ЕЛЕМ

ДИЗАЈН за кинеските автобуси,

ТОПЛИК за Сончев град

ТИТАНИК за изборните измами

ТЕНДЕРИ за изградбата на Музејот на ВМРО

ТИТАНИК 2 за изброни нерегуларности

ТРАЕКТОРИЈА за кинеските автопати

ШПАНСКИ СКАЛИ

ТАРГЕТ/ТВРДИНА за масовното прислушување

ПРЕДМЕТ ЗА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ

Од коалицијата не ги споменува и дестиците истраги на СЈО кои се активни во обвинителството. Меѓу нив и Феникс за Скопје 2014 во која имаше раздвижување летово за. За злоупотреба на службенат положба се осомничени Груевски, Тодоровиќ, Аларова, Канчевска Милевска, Ставревски. Останатите се за перење пари дело кое застарува подоцна

Овие измени се поволни и за политичрите од актуелната власт кои допрва ќе бидат гонети но и оние кои се уште немаат правосилни пресуди . За злоупотреби со кои предизвикале значителна штета ќе добиваат од словна казна до максимум 5 години затвор а сега горната граница е 20 години . Моментално на пат кон Апелација е предметот за екс генералниот секретар на владата Рашковски а во Криивчен му се суди на неговиот наследник Мухамед Зекири.

Злоупотреба на сужбената положба е едно од почесто застапените дела за кои гони обивнителството за организиран криминал а низ судовите се уште се влечат и предмети стари повеќе од една деценија мегу кои и Змиско око, Армиско Оружје и Изгрев кои се во судница од 2007 година. Со нивното застарување се отвора и прашањето за огормните трошоци кои ке паднат на товар на буџетот. Допрва ќе се бројат сумите што за адвокатски трошоци

Додека со измените на КЗ се воведуваат многу нови дела со строги казни функционерите си предложија и изглса драстично пониски казни за делата за кои се однесуваат на нивната работа.

Елена Ивановска Мукоска