Наполнете ги резервоарите пред полноќ: Ново поголемо поскапување на горивата

|

Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата во просек за 2,19%.

Цените на „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ се зголемуваат за по 1 денар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 88 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 90,50 денари.

Според одлуката на РКЕ дизелот ќе поскапи за 2,50 денари и еден литар ќе чини 83,50 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 83 денари за литар.