Зуди Енузи Кока е новиот директор на АД МЕПСО, на местото на Сурија Рашиди

|

Зуди Енузи Кока е новиот директор на АД МЕПСО пренесува Канал 5 ТВ.

Кока претходно беше директор на Јавното претпријатие Комунална хигиена, а сега доаѓа на местото на поранешниот пратеник Сурија Рашиди, кој на функцијата во МЕПСО беше само шест месеци.

Канал 5, повикувајќи се на свои избори пренесува дека до смената на директорот кој доаѓа од редовите на Алијанса на албанците дошло поради превирања во партијата.