|
Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска која до крај на октомври ќе заокружи две години од своето владеење почнала со собирање на потписи за формирање на партија, пренесува „Фокус“.
Според пристапницата до која дојде „Фокус“, партијата ќе го носи името „Правда“, а седиштето на партијата ќе биде на ул. Ѓорче Петров бр.49, адреса која според податоците на бизнис мрежата е лоцирана каде што се наоѓаат фирмите на нејзиниот најблизок соработник во сенка Драган Митковски.
Арсовска кога се кандидираше за градоначалник на Скопје не и беше позната на јавноста. Единствено што се знаеше за неа е дека дооаѓа од редовите на Сојузот на Стопански комори, кој го предводела со години.