Најранливите категории граѓани, пред се пензионерите, примателите на социјална помош, студентите и средношколците ќе добијат државна помош со прераспределбата на буџетот кој е доставен до собранието, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски, најавувајќи ригорозни мерки за зголемувањето на цените во малопродажбата.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи пак вели дека од минатиот месец кога повторно почнаа да растат цените на храната, не производителите, туку големите маркети во земјата неетички и неморално ги зголемуваат цените.
Во кризно време компаниите не треба да се причина за кризата да биде уште поголема. Ако храната е зголемена за 11 насто во Европската унија, по берзанските цени, овде зголемувањето е за 46 проценти. Тоа не е етички, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој токму поради ценовниот раст и сомневањата во здружено креирање на цените, вчера поднесе преставка до Комисјата за заштита на конкуренцијата.
„Повикот вчера беше јасен. Разговарав со Комисијата да покренат иницијативи во неколку сектори. За да видат дали евентуално може да докажеме дека има договарање. Мора да се зајакнат инспекцските сужби со нови професионално вработени луѓе, кои ќе бидат цело време на терен и ќе ги гледаат ваквите однесувања“, изјави Битиќи.