Сопственикот на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски кој е осуден со правосилна судска пресуда од две години и шест месеци затвор е на слобода. Управата за извршување на санкции му дала прекин на казната од 30 дена.
Дека Стаменковски е на слобода за „Фокус“ потврди Јовица Стојановиќ, кој на прашањето кое е образложението за прекин на казната кратко одговори „согласно закон, за здравје“.
На нивните дополнителни прашања според кој член од законот, тој одговори според Законот за извршување на санкциите, без да каже според кој член со образложение дека за здравје не се коментирало. Други детали Стојановиќ не сакаше да каже.
Според информациите од Кривичниот суд, за прекин на казната од 30 дена, Управата нема обврска да го извести Кривичниот суд и да бара дозвола од Судија за извршување на санкции. Според информациите на Фокус, за ова не било консултирано ниту обвинителството.