Маж повреден со огнено оружје, пукале на семејна веселба

|

На 13.09.2023 во 21:23 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје било донесено машко лице.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за М.И.(31) од Арачиново, скопско, кој според првичните информации бил повреден на семејна веселба во скопско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.