Пожар зафати викенд куќа и сандаци за пчели во „Мачкини дупки“

|

Пожар зафати викенд куќа и сандаци за пчели во местото наречено „Мачкини дупки“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Во 17:15 часот вчера во Полициската станица Аеродром, пријавено било дека во селото Горно Лисиче, на место викано „Мачкини дупки“, настанал пожар, при што биле опожарени викенд куќа, сопственост на Т.С., на возраст од 50 години, 15 празни сандаци за пчели, сопственост на Г.А., на возраст од 51 година, како и пет полни сандаци со пчели, сопственост на Б.С., на возраст од 44 години, сите од Скопје, се појаснува во соопштението.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, нема повредени лица.