Монах од Романија е уапсен откако, веројатно под дејство на алкохол, во манастир на Света Гора, физички нападнал монах од Белорусија, кој бил пренесен во болница, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите на солунскиот информативен портал „Вориа“ инцидентот се случил пред манастирот Хиландар, а караницата веројатно започнала поради различните ставови на двајцата монаси за рускиот патријарх Кирил, по што 35-годошниот монах од Романија го нападнал 53-годишниот од Белорусија.
Физичкиот напад бил со раце, нозе и пластично шише по што нападнатиот се здобил со повреди и бил пренесен во болница, а сторителот бил уапсен.
При распитот, напаѓачот рекол дека бил под дејство на алкохол, бидејќи пиеле вино и не бил свесен за своите постапки