Татко, мајка и две деца се пронајдени со смртоносни рани од огнено оружје неделата навечер во нивниот дом во Ромеовил, кај Чикаго, Илиноис.
Полицијата ги отркила телата откако член на семејството побарал „проверка на благосостојбата“ на семејството, бидејќи една од жртвите не се појавила на работа тој ден и не одговарала на повиците цел ден, рече заменик-началникот на полицискиот оддел во Ромеовил, Крис Бурн.
Не веруваме дека сторителот е меѓу жртвите во моментов, рече тој за време на прес-конференцијата во понеделникот, потенцирајќи дека не станува збор за убиство-самоубиство.
Во домот се пронајдени и три кучиња, исто така смртно застрелани.
Родителите се идентификувани како Алберто Ролон и Зоралда Бартоломеи, а Бурн одби да ги објави возраста и полот на двете деца-жртви, наведувајќи дека истрагата, која е во тек, е со „чувствителна“ природа.