|
Вчера на граничниот премин Стар Дојран е приведен пеесет и шестгодишен Турски државјанин откако полицијата забележала дека датумот на важност на неговиот пасош е преправен со пенкало.
„На 18.09.2023 во 03.50 часот на Граничниот премин Стар Дојран, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(56) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека датумот на важност на неговата патна исправа бил преправан со пенкало“, информираат од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.