Во штипската Клиничка болница пред еден месец се вработија 16 лица, меѓу кои и лекари, од болницата се надеваат дека недостатокот на околу 100 вработени ќе го надополнат со добивање на нова согласност од министерството за финансии за уште 20 тина лекари, медицински персонал и хигиеничари. Овој регионален здравствен центар кубури со здравствен персонал, а за хигиената се грижат само четири вработени хигиеничарки.
Неколку месеци наназад пациентите од источниот регион за магнетната резонанца се препраќаат на другите клиники во земјава или пак си плаќаат во приватните клиники. Станува збор за голем дефект, кој чини околу 100.000 евра. Понудата од сервисорот за овој скап апарат е добиена.
По три години младите лекари и специјалисти добија специјализации и субспецијализации, кои треба да го пополнат недостатокот од стручен лекарски кадар на одделенијата. Во моментов онколошкото одделение работи со еден онколог. Детското одделение денеска доби два нови апарати од општествено одговорна компанија.
Викторија Јованова Димитровска