Пред две недели на патот Дреново – Кавадарци во сообраќајна несреќа, повредени беа татко и син.
Оваа страшна несреќа завршила среќно благодарение на храброто и решително момче од само осум години.
Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, на својата Фејсбук страница ја сподели оваа неверојатна приказна.
Автомобилот во кој се наоѓале таткото и синот излетал дури 22 метри од патот, што укажувало на тешка сообраќајна несреќа. Она што ја прави оваа приказна особено инспиративна е фактот што осумгодишниот син и покрај повредите презел иницијатива и побарал помош за себе и за својот татко.
Градоначалникот опишал дека мајката во целосна загриженост се јавила на итниот број 112 и пријавила дека и се јавил синот и рекол дека возилото што го управувал нејзиниот сопруг излетало од патот.
ПРЕПОРАЧУВАМЕ ЈСП: Бруцошите имаат право на бесплатен превоз
Операторот на 112 веднаш стапил во контакт со детето кое, иако исплашено и шокирано, можело да ја изрази својата ситуација и повредите.
“Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Дреново- Кавадарци.
Автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22метри од патот. Случајот го пријавило детето кое има само 8 години, и кое и покрај повредите успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко. Благодарение на пожарникарите кои биле во постојана комуникација со детето, автомобилот е пронајден, а двајцата со тешки повреди од Општа Болница Кавадарци се пренесени во Скопје. Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите успеал да се јави и да побара помош. Со зборовите ,,гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не диши’’.
Се молиме за нив 🙏🏻”, напиша градоначалникот.