|
Синоќа во 23.00 часот во Полициската станица Центар, Х.Ј.(48) од Кина, со престој во Скопје, пријавил дека околу 15.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Л.Х., исто така, кинески државјанин, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.