|
Една недела по одлуката на македонските власти и официјална Софија донесе одлука за протерување на свештеникот Змеев од Бугарија покрај него непожелни во Бугарија се уште двајца свештеници, кои пак имаат белоруско државјанство.
Бугарскиот премиер Денков денеска пред новинарите во Софија рече дека нивните дејствија биле во спротивност со бугарското законодавство.
Чинот на протерување на руските црковни службеници официјална Москва го оцени како богохулен, особено затоа што се случил на празникот Рождество на Пресвета Богородица. Руската црква во Бугарија сега ќе биде затворена објави на Фејсбук, Амбасадата на Русија во Софија пренесувајќи го ставот на шефицата на руската дипломатија Марија Захарова.