Двајца мажи се соочуваат со повеќе обвиненија за обид за убиство во Јужна Африка, откако околу 90 деца се разболеле по конзумирање мафини со дрога.
Официјалните лица рекоа дека децата ги купиле мафините од уличен продавач на пат кон основното училиште Пуламадибого, северозападно од Преторија, објави Би-Би-Си.
Голем број од нив се пренесени во болница поради гадење, болки во стомакот и повраќање, а три девојчиња се уште се во болница.
За убиство во обид се обвинети двајца осомничени на возраст од 21 и 19 години.
Одделот за образование во провинцијата Гаутенг соопшти дека наставниците се јавиле на 911 откако забележале дека нивните деца почнале да „се однесуваат чудно“ на часовите.
Во соопштението се наведува дека инцидентот предизвикал голема загриженост кај родителите за безбедноста на нивните деца.
Полицијата, која спроведува токсиколошки извештај за да потврди дали е користен канабис, вели дека на повеќе од 90 ученици им биле дадени мафините и имале „сериозни болки“.
Сите се препратени во околните здравствени установи, 87 се пуштени, а само три ученички се уште се во болница каде што ја добиваат потребната лекарска помош, соопшти Министерството за образование.
Полицијата ги именувала осомничените Офентсе Малулека (21) и Амукелани Ниулунга (19).
Тие денеска се појавија пред Судот во Сошангуве, обвинети за девет точки од обвинението за обид за убиство, „за продажба на мафини со супстанца со опојно дејство на децата“.
Ним им е одреден притвор до евентуалното рочиште за кауција.