Два хороскопски знаци ќе имаат есен за паметење: Ги чека среќа на секој чекор, успех и пари, тврди рускиот астролог

|

Познатиот руски астролог Павел Глоба неодамна открил дека два знаци од хороскопот од средината на септември до крајот на есента ги чека необично поволен период.

Павел Глоба е истакнат астролог во Русија, а тамошната јавност со задоволство ја следи неговата работа затоа што тој често дава различни и детални астро-прогнози.

Рак

Од 15 септември, па натаму ве очекува период на промени. Можно е да се соочите со проблеми, особено на работа, но ова не гледајте го како казна туку како можност. Глоба истакнува дека Раковите со снаодливост и упорност ќе ги надминат овие предизвици и ќе ги претворат во свој голем успех. Секоја ваша напорна работа ќе биде наградена. До крајот на октомври ќе може да очекувате и унапредување или зголемување на платите на работното место. На овој или оној начин, состојбата на банкарската сметка на Раковите ќе се зголеми.

Риби

На Рибите им се насмевнува среќата на љубовен план. Доколку сте сами во наредните недели ве очекува судбоносна средба која ќе ви го обои животот во нови бои и ќе ви го разубави животот. Ова познанство најверојатно ќе се претвори во страсна романса која ќе ви донесе искрено задоволство. Рибите кои веќе имаат семејство или партнер својот однос ќе го унапредат и ќе го издигнат на повисоко ниво со многу повеќе топлина, доверба и разбирање.