Македонските државјани кои беа во близина на инцидентот на Косово се враќаат дома

|

Седумте македонски државјани кои се наоѓаа во хотел, во близина каде се случија вчерашните претсрелки кај селото Бањица во Косово, се на пат за дома. Ова денеска го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Според него, по извршените разговори и анализа од страна на косовската полиција, македонските државјани се упатиле назад кон нашата држава.

Во текот на вчерашниот ден косовската полиција беше веднаш соодветно известена за оваа ситуација по редовните канали, а јас лично разговарав и со мојата колешка Доника Гервала – Шварц. Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив, информира Османи.

Министерството за надворешни работи вчера информираше дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на МНР, добиена е информација за седум државјани на Северна Македонија, од кои едно дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде беше извршен оружен напад врз косовските полициски сили.