Утре одлука за намалување на цените на пијалоците, за хигиенските производи ќе почекаме

|

Владата утре треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците, а во тек е анализата за хигиенските производи која најверојатно ќе биде завршена до крајот на неделава.

Тоа што знаеме точно е дека утре ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по посетата на компанијата „Алма-М“ во Визбегово.

Следниот месец, според најавите на премиерот Димитар Ковачевски, ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.