Во прекин сообраќајот на патот Гостивар-Кичево поради сообраќајка

|

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на УО„Панорама“ од 10:25 часот, сообраќајот ќе биде во прекин само за товарни моторни возила (ТМВ).

Како што информираа од АМСМ прекинот на сообраќајот е поради случена сообраќајна незгода.