Го повредил со нож, па пукал во него ама не го погодил – скопјанец ќе одговара за насилство

|

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесен кривична пријава по брза постапка против Б.И.(24) од с.Буковиќ, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „насилство“ по член 386 и „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.


Тој се сомничи дека на 21.09.2023 во атар на село Семениште, скопско, со нож му нанел повреди на А.С.(23) од с.Сарај, по што од пиштол испукал неколку пати кон него, но не го погодил.

По преземени мерки и активности, на 25.09.2023 тој бил лишен од слобода и со кривичната пријава ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.