|
Од Проект Среќа алармираат за еден итен и многу тежок случај, во кој две дечиња од Куманово во трауматични околности останаа без мајка, татко, баба, и на кои им е потребна секоја помош што може да им се понуди.
Двете машки деца на возраст од 8 и 13 години, пред одредено време останаа сами, и живеат со нивната тетка, која пак е болна од карцином. На децата им е потребна помош и наша поддршка, најмногу материјална.
Барем малку да им го олесниме животот и траумите низ кои поминале. Сите кои сакаат да помогнат може да ни пишат а ние ќе ви дадеме контакт, велат од Проект Среќа на Фејсбук.
Фото: Илустрација