Сакате да имате рамен стомак? Избегнувајте ги овие пет намирници

|

Кој не сонува за совршено рамен стомак? Маснотиите на стомакот се тврдоглаво нешто за губење, дури и за оние кои поминуваат часови потејќи се во теретана.

Исто така, абдоминалната дебелина е поврзана со Алцхајмерова болест и други метаболички и васкуларни заболувања. Следењето на правилната рутина за вежбање, правилната исхрана и здравиот начин на живот ќе ви помогнат да ги постигнете стомачните мускули од вашите соништа.

Во продолжение ви пренесуваме неколку намирници кои не треба да ги јадете за да го остварите сонот за рамен стомак.

Мешунки

Мешунките се хранливи, но и се богати со јаглехидрати. Затоа, иако можете да ги јадете за нивните протеини, за да добиете рамен стомак паметно е да ги исклучите од вашата исхрана.

Јогурт

Една шолја полномасен јогурт содржи речиси 170 калории, една шолја јогурт со малку маснотии има 120 калории, а една шолја од популарниот јогурт со двојна крема содржи околу 230 калории. Значи, одлуката да го исфрлите од исхраната или не е секако едноставна.

Газирани пијалаци

Една мала лименка газиран сок содржи 140 калории, додека поголемите можат да содржат дури и двојно повеќе. Избегнувањето е чекор во вистинската насока доколку сакате рамен стомак.

Бело брашно

Истражувањата покажуваат дека потрошувачката на преработено бело брашно е меѓу водечките причини за дебелина. Преработеното бело брашно обично содржи малку или воопшто нема хранливи материи, нема влакна, а една шолја содржи 455 калории. Како алтернатива, консумирајте 100-процентно брашно од цело зрно.

Шеќер

Вкусно за вашите непца, но не толку слатко за вашиот рамен стомак. Прекумерното консумирање шеќер е водечка причина за дебелина и дијабетес. Една чаша бел шеќер содржи 773 калории.