Приведен 26-годишен прилепчанец, еве што пронајде полицијата во неговиот дом

|

Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода С.Л.(26) од Прилеп.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом на улица „Гостиварска“ во Прилеп, спроведен врз основа на наредба од Основен суд Прилеп, пронајдени се и одземени кутија со цветови од растението Cannabis.

Пронајдени се шеснаесет опаковки со бела грутчеста материја, дваесет опаковки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

МВР информира дека лицето е приведено во полициска станица Прилеп и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.