Перо Антиќ и Цеца се во врска! Ова веќе неколку месеци се шпекулира, a нема пoтреба да се објаснува дека станува збор за нашиот екс кошаркар и балканската ѕвезда, објавува ММС.
Шушкањето околу нивната врска почна набргу откако се прозборе дека Перо и манекенката Катерина Иванова, раскинале.
Дали Цеца ќе стане македонска снаа и дали навистина е во врска со нашиот Перо Антиќ, ММС побара одговор од екс кошаркарот.
-Абе тоа се секти, кои измислуваат приказни, а јас сум си среќно заљубен со друга личност и нека не ме мешаат со други за ефтини кликови на интернет. Нема врска. Зашто Скопје е станато како „мртво море“, како што вели Цеца во песната? Ете затоа. Од рекла – казала приказни. Место да се гледат поголеми вредности, се измислуваат приказни. И затоа пропаѓа градот, да не кажам државата. Од такви нелуѓе, вели тој за ММС.
Антиќ е човек, кој ретко зборува за приватниот живот. Затоа и овој пат вели дека нема да каже со кого е во врска, но, дека секако тоа не е Цеца.
-Интимен живот не споделувам. Нека си шпекулираат. Само ќе кажам мојата нова љубов е македонско девојче, вели тој и додава:
-А со Цеца се знам, да. Се имам запознаено на еден хепенинг, но тоа нема врска од овие глупости за кликови.