|
На 28.09.2023 во СВР Куманово, 35-годишен маж од Куманово пријавил дека на 27.09.2023 околу 12:30 часот пред угостителски објект во село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, лице кое го познавал и уште неколку лица, со употреба на сила го внеле во патничко возило.
Потоа физички го нападнале и му одзеле лични предмети и барале од него да им даде пари, по што го пуштиле да си оди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.