Се појави и видео од терористичкиот напад во Анкара, каде бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на зградата на полицијата.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека полицајците кои беа ранети во нападот во Анкара не се во животна опасност.
Ројтерс објави видео од локалните камери на кое се гледа моментот кога бомбаш-самоубиец влегол во Генералниот директорат на полицијата во Анкара.
Двајца напаѓачи, кои со мало возило дошле пред влезот на Генералната дирекција на полицијата во Анкара, утринава во 9:30 часот по локално време извршиле бомбашки напад. Еден од напаѓачите се разнел, а другиот е неутрализиран.
#patlama yeni görüntü #Ankara terör saldırısı ile güne uyandı.
Çok şükür Rabbim sivilleri ve polislerimizi korudu.🤲🤲🤲
🇹🇷🇹🇷🇹🇷🇹🇷🇹🇷🇹🇷🇹🇷🇹🇷🇹🇷🇹🇷🇹🇷pic.twitter.com/KV3ucX7roN#pazar #FenerinMaçıVar
Sıla Doğu
Dilan Polat
Emniyet Genel Müdürlüğü#FBvÇRZ #FBvRİZ
Soylu
Dzeko— Ceren Yosun (@CerenYosun) October 1, 2023
При пукањето на отворено, двајца турски полицајци биле полесно ранети.
Обвинителството во Анкара покрена истрага за нападот кој е означен како терористички напад.