|
Денес на улиците низ Скопје се одржуваше Визер скопскиот маратон на кој имаше рекорден број на учесници, од кај нас но и од соседството и пошироко.
Овој маратон секогаш е сензација во главниот град, но за разлика од претходните години, денес имаше помал број на луѓе кои излегоа на скопските улици да ги ги бодрат маратонците. И покрај тоа можеа да се видат повеќе луѓе кои со транспаренти им даваа мотивација на учесниците.
Пица или џин тоник, секој си има своја мотивација за да истрча побрзо, но сепак најслаткиот бодрач кој го видовме денес на скопските улици, беше едно кученце со натпис: “Трчај како јас кога трчам по кучки”
Дали транспарентите ги мотивираа учесниците или не, не знаеме, но со сигурност измамија насмевки на нивните лица.