|
Вчера во полициска станица на подрачјето на СВР Куманово бил извршен службен разговор со Н.В.(47) од кумановско, по пријава од 18.00 часот од страна на 49-годишна жена, според која тој на 21.09.2023 во Куманово се обидел да изврши обљуба врз неа.
По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Исто така на 30.09.2023 во 09.00 часот во с.Веселчани, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.П.(23), затоа што околу 06.00 часот допрел по ногата 19-годишна девојка, а потоа физички ги нападнал неа и нејзината 18-годишна колешка.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.