|
Македонскиот таеквондист и олимписки херој Дејан Георгиевски освои злато на Г1 турнирот Тирана Опен, во Албанија. Овој златен медал е многу вреден кон остварувањето на една голема цел, а тоа е олимписка норма за Георгиевски и пласман на ЛОИ во Париз следната година.
“ЗЛАТОООООО
ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ЛАВОТ НА Г1 ТИРАНА ОПЕН !
Дејан Георгиевски златен медал со две доминантни победи над Филипов Александар ( Израел ) 2:0 и во финале над Ел Омар ( Франција ) 2:1
СИЛЕН ЧЕКОР НАПРЕД КОН НОВА БЛЕСКАВА ИСТОРИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗ 2024 !
ЗА МАКЕДОНИЈА !
Слава на Господ
Класата е вечна”, соопшти неговиот тренер Дарко Костовски.