Утре 8 часа без струја повеќе општини од Македонија

|

Утре во периодот од 9 до 17 часот без електрична енергија ќе бидaт корисниците во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде поради изведување одредени активности од страна на ЕВН на електромрежата, насочени кон подобрување на нормалното снабдување со електрична енергија.

-ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 04.10.2023 година, без напојување со електрична енергија од 9 до 17 часот ќе бидат корисниците од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, инфотмираа од Регионалниот центар управување со кризи-Дебар.