По преземени мерки и активности, на 03.10.2023 во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(18) од с.Студеничани, скопско, кој беше баран по централен распис.
Тој се сомничи дека на 28.08.2023 околу 04.00 часот на ул.„Градиште“ во Стара чаршија во Скопје со малолетник од с.Моране, скопско, предизвикале пожар во угостителски објект.
Малолетникот, претходно беше лишен од слобода, а во домовите на двајцата беа извршени претреси, при што во домот на малолетникот беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
Од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје против двајцата беше поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа сигурност” во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност”. Б.А. е изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во времетраење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.