Огромниот пожар во Осиек го гасне и робот

|

Пожарот што избувна синоќа на депонијата за пластика на компанијата „Драва интернешнл“ се прошири и на зградата, соопшти Здружението на Хрватската противпожарна бригада. Од таму додаваат дека пожарот се гаси во просториите на компанијата за преработка и складирање пластика „Драва интернешнл“, која се наоѓа на излезот од Осиек.

Јавната противпожарна служба на градот Осиек 41 минута по полноќ добила дојава за пожар на депонијата за складирање пластика. На отворен простор во близина на зградите се запалила поголема количина пластика, а пожарот се проширил на покривот и внатре во една од зградите на комбинатот, пренесуваат хрватските медиуми.

Во 4.52 часот пожарот ја зафатил зградата и почнал да се шири во неа.

Во интервенцијата биле ангажирани вкупно 74 пожарникари и 33 противпожарни возила од Осиек – барањската противпожарна единица.

Од 4.16 часот пожарот се гасне и со робот.

Согорувањето на пластиката произвело големо количество чад и отровни гасови, кои се шират поради силниот ветер и топлинското зрачење.