Владините луксузни „перки од ајкула“ преминаа во над 1.000 артикли: Од утре нов ценовен шок, еве што се’ ќе поскапи

|

Граѓаните утре повторно ќе се соочат со нов ценовен шок. Владата по итна постапка го донесе законот за повисоко ДДВ, но листата на производи ја криеше, споменувани беа само перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето со мувла.

Сепак од утре поскапува речиси се’. Сител телевизија ја објави листата на производи за кои од владата уверуваа дека ќе бидат само луксузни.

За Владата во луксузот се вбројува и брашното, џигерот и сладоледот. Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.

-Меѓу нив е и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли. Поскапуваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот. По нови повисоки цени ќе се продаваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините, објави Сител.

Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвуваат новите цени. Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра.