Северина се повреди на концерт: Мислам дека ја скршив потколеницата (ВИДЕО)

|

Северина на Инстаграм ги споделува своите впечатоци од концертот во Осиек, а во последната објава откри дека се повредила за време на настапот.

„Секогаш повторно сакам да ги гушкам луѓето кои ги сакаат моите песни и кои го сакаат тоа што го работам, бидејќи љубовта и емоциите се најважни, големата нишка што нѐ поврзува и која ни е потребна на сите. Удрив во челичната конструкција и мислев дека ја скршив потколеницата. За среќа добив само крвава рана, но срцето ми е полно. Ти благодарам Осиек, благодарам на сите прекрасни музичари и мојот прекрасен тим. Ве сакам“, напиша таа заедно со видеото од нејзините фанови како се гушка.

Видеото погледнете го на линкот во продолжение:

https://www.instagram.com/reel/Cx59UiyIA5-/?igshid=NjIwNzIyMDk2Mg==