Како да го нема: Ким Кардашијан во градник од 18.000 долари

|

Ријалити ѕвездата позираше во спалната соба во темница, а провокативните фотографии брзо собраа два милиони лајкови.

Ким Кардашијан објави слики на кои позира во минијатурен дијамантски градник „Гучи“ кој чини дури 18.000 долари и едвај ги покрива нејзините гради.

Откако купи реквизити од филмот „Барби“, чанта и „озлогласениот“ ѓердан, таа стана и сопственик на овој градник, кој беше дел од ревијата на споменатиот бренд во 2019 година, а го дизајнираше Алесандро Микеле.

Покрај градникот, таа позирала во свилени панталони од 1.650 долари и наметка од 3.600 долари.

Сè е „Гучи““, напиша таа покрај објавата која наиде на бројни комплименти.