|
Денеска (07.10.2023) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во 12 часот на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје ја лишија од слобода В.И.(40) од Тетово, која била барана со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години, а во врска со кривично дело по член 201 од КЗ на РСМ.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.