Милитантите киднапираа Германка и со нејзиното неподвижно тело парадираа низ појасот Газа

|

Шани Лук, 30 годишна девојка со германско и израелско државјанство, беше киднапирана од Хамас. Нејзиното неподвижно тело беше ставено во камионет и парадирано низ крајбрежната енклава, а снимка од настанот набрзо стана вирална на социјалните мрежи, откако „Си-Ен-Ен“ ја потврди автентичноста на материјалот.

Роднина на Лук за „Вашингтон пост“ изјави дека девојката присуствувала на Нова Фестивал, целоноќна забава на која се слави израелскиот фестивал на жетвата познат како Сукот. На снимката се гледа неподвижното тело на Шани Лук и нога на милитант околу нејзината половина.

„Ја препознавме по тетоважите. Уште се надеваме. Хамас е одговорен за ова“, изјави нејзин роднина.

Засега е непознато во каква состојба е Лук и дали воопшто е жива.

Германското министерство за надворешни работи е во контакт со германската амбасада во Тел Авив и со израелските власти.

„Палестински Хамас утрово киднапира група на германски туристи, меѓу кои беше и мојата ќерка Шани Никол Лук, германска државјанка. На видео снимката јасно се гледа нашата ќерка во несвест во автомобил со Палестинци кои се возат низ појасот Газа. Ве молам да ми помогнете или испратите било каква информација за неа“, изјави нејзината мајка Рикарда.