Дваесетина македонски државјани затекнати во Тел Авив безбедно вратени во Македонија

|

Дваесетина македонски државјани досега го напуштија Израел а повеќе од стотина се пријавиле кои сакаат да заминат, потврдија од МНР.

Меѓу заминатите се и деветмината велешани кои беа затекнати во Тел Авив за време на нападите на Хамас кои доцна синоќа пристигнале на аеродромот во Тирана со специјален лет на Владата на Албанија а оттаму со комбе се пренесени во земјава. Проценките на МНР се дека на територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани.

Македонката Камелија Филиповска која се наоѓа во градот Ашдод којутринава беше цела на напдати, во комуникација со своите родители се пожалила дека немаат доволна поддршка од амабсадата и е целосно неизвенсо кога ќе се обезбеди евакуација за сите што чекаат да го фата првиот авион.

Премиерот Ковачевски уверува дека Кризниот штаб фомриран во МНР, прави се за да ги спаси сите.

„Имаме дел од граѓаните коишто се лоцирани, 50-тина, имаме уште со коишто се уште не е стапено во контакт со нив и на тоа се работи во моментов и се работи на нивно излегување од Израел и безбедно враќање дома.

Претходно и седуммина македонски туристи кои престојувале во Витлеем, ја преминале границата со Јордан каде се на безбедно.

Од Израел за Скопје нема директна авионска конекција, а едни од ретките што летаа вчера беше српскиот авиопревозник Ер Србија. По слетувањето во Белград, граѓаните раскажауваа за ужасните што ги виделе пред тргнувањето од Тел Авив.

„Се собравме и отидовме во хотелот каде останавме со до два часот утрината и потоа тргнавме на пат, ја преминавме границата, имавме сериозни контроли, влегуваа војници со пушки кои беа дури и маскирани. Во суштина поминавме добро, единствено нашиот авион и уште еден американски авион полетаа, другите останаа таму и уште чекаат. Имаше експлозии во градот и се гледаа ракетите од нивните оклопи, на израелците, се обидуваат да одбранат, не ни беше сеедмо секако.

Ерусалим беше празен, ниту автомобили, ништо. Ги слушнавме детонациите, нашите другари и ги снимаа ракетите. Одеднаш настана паника помеѓу луѓето.

Шефот на дипломатија Бујар Османи во секоја прилика истакнува дека Македонија има 100% усогласена политика со ЕУ за прашањата од надворешната и безбедносната полтиика, но во овој случај забележлива е разлика во реториката. Од Османи дојде осуда, за како што вели „нападите на Хамас“, без да ги оцени како терористички ниту нападите ниту организацијата, како што тоа го направија првите луѓе за надворешна политика на ЕУ и на САД. На иста линија со нив е и албанскиот премиер Еди Рама, кој изрази поддршка за семејствата на „жртвите од терористичкиот напад и оние кои се заложниците на терористите“.

Засега, иако побаравме, одговор од МНР со објаснување за разликите, не добивме.