Тепачка меѓу шест малолетници од Куманово на граничниот премин Блаце, патувале кон Приштина

|

Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу шест малолетници (тројца од една страна и тројца од друга страна), сите ученици во исто средно училиште од Куманово, а кои патувале со автобус кон Приштина.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.