Три лица нападнале жена од Скопје, ја повредиле со остар предмет

|

Вчера околу 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, со повреда од остар предмет била пронајдена Л.Х.(29) од Скопје, по што била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Според пријавеното, три лица ја нападнале, а едно од нив ја повредило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така, вчера во 09.41 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ш.(36) од Скопје, вработен како контролор во ЈСП Скопје, пријавил дека околу 09.30 часот на бул.„Македонско-косовска бригада“, додека извршувал работни задачи во автобус, бил физички нападнат од Х.Ј, кој употребил и метален предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.