Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Албанија

|

Во сообраќајна несреќа, што се случила утрово на патот Скадар-Коплик, во северниот дел на Албанија, македонски државјанин со своето возило усмртил пешак.

„24 годишниот Е.И. жител на Гостивар, со своето возило удрил во пешакот, 77 годишниот М.П. од село Омарај, Голема Малесија. Како последица од здобиените повреди пешакот починал“, соопшти полицијата.

Сообраќајната несреќа се случила околу 5:40 часот во близина на селото Омарај.

Возачот на автомобилот е приведен во Полицискиот комесаријат во Скадар. Увидот треба да ја утврди причината за несреќата.