|
Вчера, во 9.15 часот, на граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници привеле едно лице затоа што при контрола и проверка било констатирано дека австралиската патна исправа што ја дал на увид била фалсификувана, извести МВР.
„Со него бил извршен службен разговор и било утврдено дека бил од Палестина и кај него не бил пронајден никаков друг документ“, соопшти МВР.
Се работи на расчистување на случајот.