ЈП „Градски паркинг“ со добра вест за Скопјани

|

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека во понеделник, на Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, на јавните површини наменети за паркирање (зонско), т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

Редовна наплата ќе се врши на Зона А0 – Водно, Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“, како и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им го честита Денот македонската револуционерна борба 23 Октомври.