Ќе остане ли печката запалена во „Еуроникел“ – 800 вработени стравуваат за своите работни места

|

Неизвесно е дали еден од најголемите индустриски капацитети во Македонија, „Еуроникел“ во Кавадраци ќе опстане и ќе продолжи со работа. Над 800 вработени се во исчекување дали ќе ги здржат своите работни места и една недела чекаат на вториот дел од платата.

Според претставниците на Синдикатот за индустрија енергетика и рударство станува збор за внатрешен судир меѓу две фирми сопственикот на Комбинатот и добавувачот па затоа повеќе од десет дена складиштата со руда се празни и нема никакво производство

Легурата која се произведува во Комбинатот во Кавадарци се пласира на пазарот во Кина а Комбинатот учествува со пет отсто во државниот БДП. Затоа од Синдикатот бараат надлежните институции во државата да не дозволат негово затварање.

А вработените, повеќе од 800, како и надворешните кооперантикако возачи и добавувачи се во исчекување на епилогот од внатрешниот судир во Комбинатот. Средба со менаџментот нема ниту пак информација дали и кога би би им биле исплатени заостанатите средтсва.

Синдикатот е дециден, иако има наредба печката нема да се изгаси и ќе се одржува на минимален погон кој троши 4 мегавати струја на час. Дали е обезбедена струја и за кој период нема информации а тука е и опасноста да се престане со испорака на електрична енергија поради долг.

Вработените и Синдикатот ќе продолжат со едночасовните мирни протести пред вратите на Комбинатот