Млад битолчанец доби кривична пријава, кај него пронајдени MDMA

|

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.М.(22) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 05.03.2023 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле таблети метилен-диоксимеамфетамин – MDMA.