Жена ја нападнала пејачката Елена Ристеска во скопски угостителски објект

|

Полицијата во дневниот билтен објави информација за нападот кој го пријавила пејачката и поранешна македонска претставничка на Евровизија, Елена Ристеска.

– На (23.10.2023) во 02.30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е.Т.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.

Нема други детали за физичкиот напад и дали е е пронајдено пријавеното женско лице.

37-годишната Ристеска по неколкугодишна пауза најави враќање на музичката сцена. Последен настап во живо таа го одржа минатиот викенд на фестивалот Виноскоп.

Пејачката Елена Ристеска е најпозната по учеството на Евровизија во 2006-та кога го оствари најдобриот до тогаш пласман на Македонија на овој музички натпревар.