МВР се уште трага по напаѓачот од ,,Ист Гејт”

|

Министерството за внатрешни работи се уште трага по напаѓачот кој пред два дена во трговскиот центар ,,Ист Гејт рани” две лица.

Од МВР информираат дека во тек е масовна потрага по напаѓачот, дека се формирани специјални тимови за таа цел, но засега без резултати.

Здравствената состојба на двајцата повредени е непроменета, тие и натаму се на интензивна нега.