Нов напад во училиште во Босна, ученик со камен удрил наставничка во глава

|

12-годишен основец во Бјелина со камен удрил наставничка во главата во ходникот, соопшти началникот на полициската управа во Бијелина, Стјепан Терзиќ.

На наставничката и била укажана лекарска помош, но дежурниот лекар не коментирал за степенот на повредите.

Малолетникот е упатен од медицинскиот центар Бијелина на понатамошно лекување во Бањалука.

Инцидентот се случил вчера во ОУ „Кнез Иво од Семберија“, јави РТРС.